Го малтретирале цел ден - хорор за тетовчанец
40-годишниот Б.А. од Тетово, 33-годишниот Б.Х. и 48-годишниот И.Н. од Гостивар заработија кривична бидејќи околу 23 часот на наплатната рампа во Тетово го лишиле од слобода М.М. (52) од Гостивар за паричен долг од 5.000 евра кои оштетениот му ги должел на Б.Х., а успеал да му врати само 500. После тоа го одвеле на паркинг простор во Тетово каде физички го нападнале удирајќи го по главата и телото и му упатиле закани на него и неговото семејство. После ова, заминале во Гостивар во објект изнајмен од Б.Х. Оштетениот бил задржан до 15.00 часот на 19.06.2015 година, по што бил ослободен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа