СКАНДАЛ: Ван Хауте повикува на промена на власта без избори
По Катица Јанева и белгискиот филозоф Питер Ван Хауте ја суспендираше македонската држава. Човекот кој глумеше медијатор конечно го покажа своето лице. Во изјава за Дојче Веле на македонски јазик, Ван Хауте вели дека власта во Македонија не може да се смени на избори
„Промена на режимот преку избори повеќе не е опција. Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување. Тоа дејствување треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите, со кои се соочува земјата.“ – вели Ван Хауте.
Интересно е дека овој став на Ван Хауте е идентичен со оној на речи си сите соросви платеници.
Експертите велат дека со оваа изјава Ван Хауте практично го суспендираше македонскиот народ и му го зема правото сам да одлучува кој сака да ја води државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа