Последен работен ден на Ван Хауте во Македонија

 

Европосредникот за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ван Хaутe, денеска го работи последниот ден на оваа функција, а понатаму во Македонија треба да остане како независен консултант. Нема информација дали ЕУ ќе одреди замена за медијаторот за спроведување на изборни реформи и кој евентуално ќе го наследи на позицијата. Иако ја напушта функцијата, Ван Хауте сепак нема да си замине од Македонија. По кус одмор во родната Белгија, тој се враќа во Македонија, но овој пат како приватно лице и во својство на независен консултант, известува ДВ.

 

Тој најавил дека се враќа за да и помогне на демократијата во земјата, а особено на граѓанскиот сектор.

Во последните неколку дена Ван Хауте стана инвентар во опозициските медиуми, а во една ситуација беше виден и со некогаш првиот човек на СОРОС Владимир Милчин.

Оттука станува јасна улогата на белгискиот филозоф во Македонија и неговиот начин на делување.

 
 
25.03.2016 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега