Шест лица се приведени во големата полициска акција „Решето“

 

Денеска во полицската акција „Решето“ во кумановското село Лојане е извршен претрес во 10 објекти, каде се пронајдени 34 илегални мигранти, а меѓу нив 13 се малолетници. Приведени се шест лица жители на село Лојане на возраст од 31 до 46 години.

Се работи за мигранти од Бангладеш, Алжир, Пакистан, Авганистан и од други земји, кои преку Грција, Македонија и Србија сакале да стигнат до Западна Европа, биле прифаќани од страна на сопствениците на објектите во кои е извршен претрес, односно за нивно засолнување требало да им платат по 10 евра од ден. При претресите се пронајдени и две ловни пушки и два гасни пиштола.

- Во повеќе наврати и како МВР и како Република Македонија сме апелирале за засилен ангажман и од грчка страна бидејќи за надминување на овој проблем потребно е инволвирање на сите чинители. Факт е дека Македонија се наоѓа под засилен притисок и само годинава имаме петкратно зголемување во однос на бројот на откриени илегални мигранти, изјави Котевски, додавајќи оти ваквиот тренд не е само годинава, туку постои во изминатите неколку години, особено од почнувањето на економската криза во Грција, нагласи Котевски.

Во врска со престрелката пред два дена на ГП Табановце кога едно лице од групата илегални мигранти го загуби животот, а три беа потешко повредени, портпаролот на МВР потенцира дека не е исклучено и во иднина да се појават проблеми од тој тип, но не смее, подвлече, тоа да биде амнестија за лицата кои го извршиле кривичното дело. МВР интензивно постапува по тој случај, информира, и има одредени индиции кои би можеле да го откријат идентитетот на осомничените односно сторителите на извршеното кривично дело. 

најчитано сега