Крвава драма во Кичево: Двајца маскирани разбојници со пиштол раниле кичевчанец
Вчера околу 23 часот и 30 минути во кичевско се случувала вистинска драма кога две маскирани и вооружени лица влегле во куќата на 74-годишниот старец Ш.Л.
Еден од маскираните разбојници испукал три куршуми кон синот на старецот, 44-годишниот Б.Л. при што го погодил во пределот на телото. Насилниците потоа одзеле златен накит од куќата, па избегале од местото на настанот.
Кичевчанецот бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, а поради сериозноста на повредите потоа бил донесен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата работи на расчистување на случајот.