Ограбена црквата „Св. Богородица“ во гостиварско

 

Непознати сторители вчера провалиле во црквата „Св. Богородица“ во гостиварското село Сретково.

Провалниците влегле во цркрвата со кршење на дрвена врата од задниот дел и земале метална каса со 600 денари, картонска кутија во која имало 200 денари и 30 мали приврзоци во форма на крст.

Во серијата провални кражби на поширикиот гостиварски регион оваа десетта по ред. Претходно на удар беа црквите во селата по долината на Радика.

 

најчитано сега