Велешанец преживеал вистински хорор
На 18.03.2016година во периодот од 13,00 до 14,50 часот во Велес, во стан, сопственост на Д.Т.(43), непознат сторител со подесен клуч ја отворил цилиндар бравата од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување во плакарот од спалната соба, а од масата од дневната соба земал лап топ „Ацер“ кој го ставил во торба со намера да го одземе. Околу 14.50 часот кога оштетениот дошол до влезната врата од станот и се обидел да ја отвори, лицето кое било внатре го повлекол, го испрскал со спреј солзавец во пределот на лицето и го турнал, а потоа избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа