Тотален колапс на логиката во медиумите на СДСМ и Сорос
Наредбата од Бихаќка да отпочме операцијата на "фантомизација" на Република Македонија, заврши со целосна рашомонијада и каша од бројки објавени во медиумите под контрола на СДСМ и Сорос.
Имено, Заев завчера најави дека очекувал над 100 000 гласови кои би требале да бидат предмет на проверка. Очигледно, според проценките на Бихаќка тоа не било доволно за креирање паника, па нивната прва перканица Героски, вчера во 13.28 објави дека спорни биле 300 000 гласачи.
Оваа бројка повторно не беше доволна според стратезите на Бихаќка, па час и половина подоцна во 14.54 Героски мораше да се корегира и да додаде уште 200 000 нови спорни гласачи, качувајќи ја бројката на 500 000.
Кога сфатија дека ваквиот пристап во операцијата "фантомизација на Македонија" наидува на потсмев и шеги во јавноста, од Бихаќка стигна друга наредба. Кочницата беше крената и почнаа да се обидуваат да го вратат возот на колосек.
Либертас во 18.46 , односно 4 часа подоцна објави дека сега бројот на "фантомите" на СДСМ паднал на 156 000! Најапсурдно во текстот е што не можеле да измислат друго образложение па напишале нешто што е вон секоја логика и вон закон. Овие "фантоми" ги немало во ниедна база, но ги имало во избирачкиот список. Законот и логиката велат дека Избирачкиот список се составува благодарение на базите на институциите, па доколку никаде ги немало овие гласачи излегува дека ги впишувале токму претходните претседатели на ДИК кои бес номинирани од СДСМ..
Единствено што е извесно е дека треба да се избришат над 2000 лица кои ги има во матичната евиденција на починатите, а сеуште фигурираат во базата на МВР, но и да се впишат над 5000 лица кои извадиле биоѓетриски документи а не се внесени во избирачкиот список.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа