СДСМ го прати ДИК во швалерска контрола
На барање на СДСМ, ДИК истражувала колку парови во Република Македонија живеат во вонбрачна заедница на иста адреса. Тоа е само уште еден од чудните критериуми по кои ДИК ќе ги вкрстува податоците.
Освен тој критериум, ДИК испитувала и колку сопружници стапиле во брак, почнале да живеат во заедница, но не ги зеле презимињата на сопругот, односно ги задржале сопствените презимиња. За СДСМ сега сите овие категории на граѓани се фантомски гласачи. Во оваа сериозна истрага влезени се и разведените мажи и жени кои се вратиле кај своето семејство и имаат различно презиме.
Еве заради какви проверки и какви резултати СДСМ бараше да се одложат изборите:
СДСМ и медиумите на Сорос го споменаа примерот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска која живее на иста адреса со нејзиниот сопруг со различно презиме Влатко Илиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа