ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обиде да го злоупотреби кредибилитетот на МАНУ, бројчаникот не е точен

 

Обидот на СДСМ бројчаникот креиран во партиските кабинети на Бихаќка и во Сорос да го продадат како научна работа не им помина. Беа фатени во уште една лага која издржа само неколку часа. Остана само срамот на СДСМ дека се обиде да го злоупотреби кредибилитетот на МАНУ за свои тесно партиски манипулации, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ покажа дека единствено што умее да направи е да користи методи од фабриката на Чаушот за креирање лаги и манипулации, се додава во соопштението.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Граѓаните секој ден ги слушаат изминатите години истите  лаги на СДСМ за некакви бројчаници, за грчки сценарија, за економски неуспеси и долгови . Граѓаните  ги имаат одамна прочитано нивните приовидни обиди за фабрикуваат невистини. Граѓаните гледаат дека Македонија во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја намали невработеноста наследена од СДСМ на рекорно ниски 24,6%, да го зголеми извозот, да привлече десетици фабрики, да креира над 150 000 нови работни места, да ги покачи просечните плати и пензии. Граѓаните сето тоа го гледаат и  затоа му даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на сите изборни циклуси по ред.

Неточниот бројчаник кој СДСМ и Таки Фити се обидоа да го подметнат, штета што не ги пресметуваше и неуспешните економски политки, кои токму тие ги водеа во минатото. Впрочем токму во време на министерувањето на најнеуспешниот министер за финансии досега, Таки Фити и владата на СДСМ рекордно се покачи државниот долг од 26% во 1996 година на 41% во 1998, а дополнително  девалвираше и денарот. Овие две економски години на СДСМ беа рекордни по неуспеси и бројчаник во ваква ситуација веројатно би прегреал од вртење. Таки Фити, во својата биографија не може да впише ниту еден научен труд признаен во меѓународно списание со импакт фактор, но затоа сега може да впише дека копирал еден неточен бројчаник изработен во кујните на СДСМ и Сорос.

Очекуваме СДСМ кога веќе немаат друго попаметно со што да се занимаваат, да ги ангажираат соросовите бројачи, да направат бројчаници за странски инвестиции, за зголемен извоз, за зголемување на вработеноста. Може на тој начин ќе се уверат во она кое сите го гледаат и на крајот ќе сватат дека неминовен им е десетиот јубилеен пораз по ред.

 
 
16.03.2016 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега