ГРОМ ги порази деструктивните сценарија на СДСМ

 

Партијата ГРОМ на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го победи СДСМ и ги порази нивните деструктивни сценарија.

Бројката на присутни граѓани кои дојдоа во поддршка на иницијативата на ГРОМ за одбрана на институциите постојано се зголемуваше, при што во одреден момент достигна 15 илјади граѓани кои застанаа во одбрана на Уставниот суд и се спротивставија на црното сценарио на СДСМ за рушење на демократијата и институциите.

Реки народ од секаде поминуваа и го заокружија уставниот суд. Народот сложно и обединето се спротивстави на тортурата на СДСМ и нивните контра-протести кои завршија со целосен дебакл.

-Овие луѓе кои се обидуваат да ја разнебитат Македонија ги преминаа сите граници. За нив не е добро ниту Обвинителството, не се добри судовите и не ги признаваат, сега дојдоа да не ја признаваат највисоката судска инстанца. Имавме сознанија дека сакаат насила да влезат во Уставниот суд. Штом ја немаме највисоката судска институција во Република Македонија, тоа значи дека го губиме уставниот поредок, а тоа значи дека ја нема Република Македонија. Ние тоа не можеме да го дозволиме, рече претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски синоќа

Јакимовски рече дека зачудува фактот што некој што се обидува да му забрани на Уставниот суд да одлучува.

-Тоа е исто како вие на пример пред СДСМ да протестирате и да барате да не одлучува дали ќе излезат или не на избори.  Сите инситуции ние се залагаме да бидат самостојни, да не одлучуваат под притисок, да се ослободат од политички притисок и она што е најважно секој одговара за својата работа пред оние што се повисоки од нив, вели Јакимовски во гостувањето во вестите на ТВ Нова.

Јакимовски вели дека држава имате ако градите институции, а не ако ги разнебитувате истите.

-Немате институции, немате држава, а очигледно некој се обидува тоа да го направи. Најпрво се обиде да покаже дека Македонија нема водство, сега се обидуваат да покажат дека Македонија нема институции и автоматски да ја снема Република Македонија од картата на суверени, самостојни и независни држави, потенцира лидерот на ГРОМ.

Јакимовски изрази став дека протестот од СДСМ за Уставниот суд е дел од едно поголемо сценарио кое треба да се спроведе за да се одложат изборите кои се закажани за 5 јуни.

-Тоа сценарио веќе одамна е напишано, сценарото беше да се влезе насила во Уставниот суд, да се направи овде хаос, дека практично со тоа се руши уставниот поредок. Во исто време бегалците да влезат преку граница и во Македонија да настане безбедносен хаос. Тоа сценарио уште трае со цел да се создаде ситуација во која во Македонија не постојат безбедносни и институционални услови за да се извршат изборите на 5-ти јуни. Но, јас сум убеден дека тоа нема да го дозволиме, истакна Јакимовски.

 
 
16.03.2016 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега