АНКЕТА: СДСМ со протестите пред Уставен суд повторно го одвлекува вниманието на полицијата како во мај

 

Граѓаните го осудуваат деструктивното сценарио на СДСМ и протестите против Уставниот суд. Сметаат дека закани кон Уставниот суд не треба да има од никоја страна и додаваат дека се работи по сценарио ко има за цел разнебитување на Македонците и македонскиот народ.

Анкетираните граѓани од повеќе градови сметаат дека СДСМ не треба дополнително да ја оптоварува полицијата со агресивните протести кои ги најавува, ако се земат во предвид вчерашните случувања на јужна граница и илегалниот упад на околу 1.000 мигранти од грчка страна.

-Не сум доволно запознаен, меѓутоа напад или агресија врз било која државна институција во денешно време не е добра работа. Како ќе ги организираат, што ќе организираат и дали треба, мислам дека не треба во секој случај, вели еден жител на Куманово, кој додава дека во секој случај сето ова е поврзано и се работи по сценарио, дали е внатрешно, надворешно, но по сценарио се работи за разнебитување на Македонците.

-Не е потребно насилство да има, на фин начин треба да се дискутира, да се каже како треба што треба, да се види попаметно да биде, не да направиш нешто а да биде против народот. Ние сме држава, не може тоа да се сруши преку ден.

-Не треба од никоја страна да има закани кон Уставниот суд, бидејќи тоа е државна институција, најголема институција во Македонија.

-Мое мислење е дека тоа не е уставно и не треба така да се оди на протести пред Уставен суд. Тоа е непочитување на нашите институции. Тој протест за мене не е валиден. Не е ни потребен. Тоа е некоја организација која не мисли добро на оваа наша држава. Сигурно дека ја искористуваат полицијата и овој технички министер што е, тој е ист како и тие соросоиди, сите тие се исти луѓе и прават проблеми на државата. Слично како Диво насеље, како Блаце, сите тие лоши работи се сценарио на некои други сили од надвор. И од внатре и од надвор. Ако нема од надвор, нема ни од внатре.

На иста линија со кумановци се и граѓаните на Битола, кои велат дека не се согласуваат со политиката на СДСМ и во време кога имаме бегалска криза наместо сите меѓусебно да си помагаат за да се реши проблемот, институциите добиваат дополнителни притисоци.

-Ова ни било ни ќе биде. Народот ќе си докаже на 5 јуни, кој е во право, а кој не. Дали да се браниме од бегалците што се тука или од СДСМ да се браниме. Тие само сакаат лошо на народот да му нанесат друго ништо. Тие го прават ова во овој период кога има толкав прилив на бегалци, за да има немири. Зошто порано не го направија, туку сега? И во 2013 година истото го правеа кога имаше избори, само да биде во нивна корист, ама ми се чини дека нема да успеат. Јас сум една од тие што ме избркаа и мене и мојот маж. Црвенковски велеше „нема да сум Црвенковски ако не вработам по еден од секое семејство“, а кого вработи? Никој, сите не изумре, не направи будали, вели еден од анкетираните битолчани.

-Мислам дека ова не е во ред и дека народот ќе им пресуди на 5 јуни за сите овие случувања. И покрај сета тортура што ја имаме и од бегалците и уште и СДСМ на сето тоа. ..

-Како граѓанин на Република Македонија јас лично не се согласувам со политиката на СДСМ, затоа што сме во време кога имаме бегалска криза и наместо сите меѓусебно да си помагаме и да го решиме тој проблем, ние добиваме притисоци од нив и сето тоа гледам дека не води никаде за излез на нашата држава. Така што, чувствувам дека народот на 5 јуни ќе си го каже своето со чиста волја и сопствен разум ќе си го каже своето мислење.

-Тоа е малограѓански вандализам што моментално се случува. Тоа е поврзано и со протестите на границата со Грција. Уставниот сид, уставноста и законите се бранат во Собранието, таму имаме пратеници, имаме комисии кои ги бранат и носат законите. Излегувањето на улици и правење на малограѓански вандалски чинови се нешто последно што и треба на Македонија, посебно во овој динамичен период за државата.

-Мислам дека тоа е недолично за една политичка партија…

– Кондураџија не може да биде самарџија, ковач не може да биде шанјдер, Заев е градежник, си има фирми, нека си ја брка таа работа. Не може да биде политичар. СДСМ да ги тргне Шеќеринска и Заев на страна, СДСМ можеби ќе просперира. Додека тие двајца се таму нема никогаш изборите да ги добијат, и покрај тоа што сум неутрален.

-Искрено да ви кажам, јас сум многу разочаран. Едноставно, не можам да верувам на овие работи. Политичките партии пред се се формирани да ги штитат институциите на државата, а не да ги напаѓаат. Она сето што го гледаме е голем циркус, за жал тоа се случува и не е во ред… Веќе имавме таков случај минатата година кога огромен број на митингаши на СДСМ штрајкуваа пред Владата, па на некој начин ја преангажираа полицијата за да во Куманово или на било кое друго место, во случај на терористички напад не може да се брани државата.

-Грешка се. Јас не можам да поднесам такви работи. Жалосно, грешка. Јас сега со еден одев и му викам ти ќе одиш, таму е тој од таа партија, ќе дојдам со тебе ќе се тепаме. Не знам, срамота е.  Тоа нема крај, се е штелувано, да не знаеш од каде да се браниш.

-Според мене тоа не е добро. Уставен суд си постоел со Устав тие судии одбрани и тие се тие што треба да бидат и почитувани.

-Ненормална работа, што да коментирам. Нема што да работат и ќе ја рушат државата.

 
 
15.03.2016 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега