Спречен обид за нелегално изнесување на 28.000 евра и 110 штеки цигари на Александар Велики

 

Цариниците на аеродромот Александар Велики спречија обид за шверц на 28.000 евра и 110 штеки цигари.

Се работи за два одвоени случаи, од кои во првиот, откако го чекирале својот багаж, двајца македонски државјани се упатиле на излез за царинска контрола, каде изјавиле дека немаат ништо за пријавување, но при претрес биле пронајдени 28.400 евра. 

Согласно Законот за девизно работење резиденти можат слободно да изнесат девизни средства и чекови во висина од 2 илјади евра, а секој износ над овој е забранет. 

Во вториот случај, кај косовска државјанка која патувала за Лондон, пронајдени се 110 штеки цигари со македонски и косовски контролни маркички кои се привремено задржани.

најчитано сега