„Златна камера 300" во рацете на кинематографот Хосе Луис Алкаин
Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на годинашниот 34. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Хосе Луис Алкаин е омилен кинематографер на светски познатиот шпански режисер Педро Алмодовар. Тандемот Алмодовар-Алкаин е еден од најплодите во шпанската и во светската кинематографија воопшто. Заедно ги потпишале насловите „Жени на работ на нервен слом“ (1988, со Кармен Маура и Антонио Бандерас), „Врзи ме“ (1990, со Викторија Абрил), „Лошо образование“ (2004), Враќање (2006, со Пенелопе Круз), „Кожата во која живеам“ (2011), „Многу сум возбуден“ (2013).
Импозантниот опус на Алкаин е потврден и со освоените пет статуетки Гоја на шпанските оскари.
ФОТО: Макфакс