Гостивар: За шест месеци се случиле 145 сообраќајки
Едно лице го загубило животот, а 80 биле повредени во 145те сообраќајните несреќи, кои се регистрирани во изминатите шест месеци на патиштата и улиците во Гостивар и Гостиварско.
Од вкупниот број несреќи во првото полугодие 54 биле со потешки последици или 11 повеќе од минатата година. Штетата по несреќите, се проценува на над 7 милиони и 700 илјади денари.
Службениците од гостиварското Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај, во овој период извршиле контрола на 5.886 возила и возачи. За непочитување на сообраќајните прописи поднесле 1.055 барања за поведување прекршочна постапка, издале 688 платни налози и 531 покана за наплата на глоба. Од сообраќај биле исклучени 156 возила и 171 возач.
ФОТО: Вечер