Изградбата на автопатот Приштина-Скопје започнува во Декември

 

Владиниот комитет задолжен за изградба на автопатот од Приштина до граничниот премин Блаце на косовско-македонската граница, донесе одлука за објавување на досиејата од тендерот за компаниите кои се квалификувале за изградба на овој автопат, јави онлајн-изнадението на приштинска „Коха диторе“, пренесе МИА.

Тие ќе имаат законски рок за да доставување понуди во Министертвото за инфраструктура, за потоа да поминат во втората фаза на оценување  и прогласување победник на тендерот, a рокот за доставување е 45 дена.

Министерот за инфратсрукура на Косово Фехми Мујота потврдил дека изградбата почнува во декември годинава: - Министертвото ќе инсистира на висок квалитет на извршување на работите  и на постојана транспарентност  во текот на сите фази на реализиација на овој голем и значен прокет, изјавил Мујота.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега