Почина малата Тијана - девојчето за кое цел Балкан се крена на нозе
Малата Тијана од Србија за која цел Балкан се крена на нозе починала на 15 јули во болницата во Хјустон каде отиде за да и биде направена операција на срцето.
Девојчето ја преживеало тешката операција којашто траела 10 часа и била вградена вештачка пумпа за срце. За жал, кога сите мислеле дека ситуацијата ќе и се подобри, малата Тијана ја загубила битката со животот. Состојбата и се влошила и Тијана починала поради излив на крв во мозокот.
Инаку, Тијана на почетокот на април оваа година со своите родители замина во Хјустон за да и пресадат срце. Борбата на малата Тијана го крена Балканот на нозе.