Искрварил до смрт: Страшна сообраќајка ја потресе Македонија

 
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп. Животот го загубил 39 годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски.
 
Според јавниот обвинител  Мријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот,  Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.
 
Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39 годишниот Димоски. 
 
 
22.02.2016 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега