Со ласер го ослепиле на EXIT - дечко ќе ги тужи организаторите на фестивалот
Еден човек од публиката кој што присуствувал на фествиалот EXIT вели дека ќе ги тужи организаторите поради тоа што бил ослепен со ласер при што добил и оштетување на видот. Лицето Срѓан В. тврди дека ласерот кој што бил насочен кон публиката го погодил директно во десното око при што му го оштетил крвниот сад. Срѓан вели деке ќе тужи но дека не го интересираат парите. Единствено не сака истото да му се повтори на некој друг.
Тој е во шок и во моментов се наоѓа на лечење во болница каде што чека целосна дијагноза. Засега не се знае колку долго ќе се лекува и дали ќе биде потребна операција на окото.