Автопатот Струга - Дебар црна точка - уште една сообраќајка која ја потресе Македонија
Вчера во 17,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода во која Б.Х.(1976) од с.Велешта, управувајќи со автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, удрил во пешакот К.В.(1954) од с.Велешта. Во незгодата К.В. се здобила со фрактура граден кош и други фрактури која по укажаната лекарска помош во МЦ-Струга, е префрлена во Болницата Св.Еразмо-Охрид за понатамошно лекување.
21.02.2016 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа