ВИДЕО: Скапо го чинеше љубовта кон Путин

 

Локомотив Москва ќе го казни својот фубалер Дмитри Тарасов со 300.000 евра затоа што исткна маица со ликот на Владимир Путин во Истанбул на мечот со Фенербахче во Лигата на Еврота, пренесува руски Р-Спорт.

Како што се наведува, челниците на клубот се разочарани од потегот на Тарасов, кој го осудија, а потоа и решија да го казнат со рекордна казна во историјата на клубот.

Покрај тоа, 28 годишниот фудбалер нема да ги добие бонусите и премиите за остварените резултати во февруари.

УЕФА покрена постапка против Локомотив и Тарасов заради овие случувања, а одликата ќе ја донесе на 17 март, се очекува драконска казна, бидејќи Европската куќа на фудбалот не толерира политика во спортот.

 

 
 
19.02.2016 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега