ВИДЕО: Двајца повредени во вчерашниот пожар во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ
Во 9 часот и 45 минути на Плоштадот Македонија во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ, каде се врши реконструкција, избувнал пожар кој се проширил од средните катови. Пожарот зафатил околу 10 ката на зградата, а со Брзата интервеницја на противпожарната служба бил изгаснат.
Според податоците кои денеска ги објави МВР, со изгореници од трет степен се здобиле 35-годишниот И.С. од Скопје и 31-годишниот Д.С. од велешко, кои работеле на објектот. Двајцата биле пренесени во Градската болница, а сега се пуштени на домашно лекување.
Засега се утврдуваат причините за пожарот.
17.02.2016 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа