Ова не се гледа секој ден: Извршител наместо да земе пари од должниците им го платил долгот
Е вакво нешто дефинитивно не се гледа и не се чита секој ден. Марко Вукичевиќ кој работи како извршител во Белград направил хумано дело со кое го остави цел Балкан без зборови.
Имено, овој Србин ќе плати 300.000 динари наместо семејство кое е во лоша финансиска состојба, а треба да го отплати долгот. Поради лошата финансиска состојба семејството не ги плаќало сметките за струја, комуналии и телефон, па извршителот се решил работата да ја преземе во вои раце.
Се почна откако по нашиот повик во канцеларијата дојде жена која на вратата доживеа благ инфаркт. Успеа да ни раскаже колку нејзиниот живот е тежок. Ниту нејзиниот сопруг ниту децата не работат, а тој ден и фрижидерот престанал да работи. Беше очајна. Тогаш одлучив да преземам дел од нејзиниот долг, вели Марко.
Досега Марко има преземено и долг од една самохрана мајка.
Браво за овој хуман Србин!