Двајца загинати во рударска несреќа во Бугарија
Страшна несреќа се случи во рудникот утрово во бугарскиот јагленокоп Ораново кога се урна една од галериите при што двајца рудари го загубија животот, а двајца се водат како загинати. Ова е четврта несреќа во рудникот во послдните осум години. Според претседателот на бугарскиот Независен синдикат на рударите Валентина Вулчева, до несреќата најверојатно дошло поради лошите безбедносни стандарди.