ВИДЕО: Тензии во општина Центар- срушени оградите спроти Бристол
Откако беа исечени дрвјата а отпорот помина без резултат, Центарци попладнево станаа порадикални па се впуштија и во рушење на оградите на планираниот објект на ЕЛЕМ. Видеото на а1он сведочи за тензичната атмосфера во која жителите на околните згради се обидуваа да спречат изградба на нов објект спроти хотелот Бристол.
Утрово тие влегоа во судир и со работниците на „Паркови и зеленило“ кои се обидуваа да ја спроведат задачата и да ги исечат дрвјата за да обезбедат терен за градежните работи. Полицијата спречи поголем инцидент.
Новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски попладнево се појави на местото на настаните и најави преиспитување на сите градежни работи.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потсетија дека само во псоледните 5 години во Скопје се засадени околу 50.000 дрвја.
ВИДЕО: А1он