Продолжува доминацијата на Ѓоковиќ

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на надмоќен начин ја одбрани титулата на Грен слемот Австралија Опен и докажа дека во моментов е далеку најдобар тенисер на светот.

Тој денеска во финалето во Мелбурн го победи Енди Мареј (Велика Британија) со 3-0, по сетови 6:1, 7:5 и 7:6.

Во финалето кое траеше нешто помалку од три часа игра Србинот имаше 31 винер и 41 неизнудена грешка, додека Шкотот направи 65 грешки, а имаше 40 директни поени.

Ова беше вкупно шести трофеј за Ѓоковиќ на АО и 11. Грен слем титула.

Мареј по четврти пат губи финале во Мелбурн од Новак.

Серијата на Ѓоковиќ по денешниот трофеј изнесува петта последователна титула на Грен слем турнирите и седми трофеј во низа од АТП турнирите.

 
 
31.01.2016 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега