Фудбалер на Јувентус направи пресреќен еден фан

 

Фан на Јувентус бил пресреќен кога добил шанса да се запознае со напаѓачот на Јувентус Алваро Мората и да стане пријател.

После мечот со Интер, големиот фан на Јувентус, Џанмарко Фракиљам, отишол на пица во еден од локалните ресторани, а таму со своето друштво дошол и шпанскиот напаѓач.

Покрај сликањето со навивачот, Мората го поканил да седне со неговото друштво да вечераат заедно. Покрај тоа, Шпанецот ја платил и сметката. Алваро пратил еден од неговите пријатели да му донесат дрес на фанот, на кој му се потпишал и му го поклонил.

Тие си размениле и броеви и Мората му рекол на навивачот да му се јави секогаш кога ќе му треба помош.

Среќниот Џанмарко, јавно ја раскажа оваа приказна и изјави дека не може да верува колку добар е човек е Мората

 
 
29.01.2016 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега