Сокол Митровски даде отчет за сработеното

 

Градоначалникот на Ѓорче, Сокол Митровски, даде отчет за сработеното.

Изминаа првите 100 дена од мојот нов мандат во кој веднаш по добивањето на доверба од моите сограѓани со  целиот свој потенцијал, максимално се посветивме за да ги реализираме планираните проекти и ветувања. Од вкупно 150 нови проекти  предвидени за реализација во периодот што стои пред нас, сакам да ги набројам остварените проекти во изминативе сто дена.

            Најнапред би се навратил на големото невреме кое ја зафати нашата општина, а какво што не паметат ни најстарите ѓорчепетровци. Се реагираше веднаш по престанувањето на непогодата.

·         

Одржана е вонредна седница на општинскиот штаб за заштита и спасување.

·         

Контактирани се председателите на урбаните и месните заедници.

·         

Беа определени лица за првични согледувања на состојбата по невремето.

·         

Воведено е 24 часовно дежурство во општината.

·         

Формирана е комисија за утврдување и проценување на штети по пријави на граѓани.

·         

Воведена е 24 часовна отворена телефонска линија.

·         

Известени се градските јавни претпријатија за да превзематна соодветни мерки од својот делокруг.

·         

Од општината се  активирени сили и средства за помош на граѓаните.

·         

Благовремено е реагирано на расчистување на собирните и сервисните улици за нормализирање на сообраќајот.

·         

Информирани се Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштит и спасување како и медиумите.

·         

Примени се 235 пријави за настаната штета и на истите работат комисиите.

·         

Укажана е помош на 17 семејства во расчистување на предмети од поплавени простории.

·         

Комисиите работат на утврдување и проценување на штетите.

            Во реализирање на инфраструктурни проекти а кои произлегуваат од предизборната програма  продолжуваме без застој.

            Изградени се краците 1,3,5,5а и 7 од ул.„Пекљане“ со вкупна должина од 1430 метри и широчина од 4 м, а обновна е и  водоводната мрежа.

            Изградени се улиците 6,8,8 прим., 10 и 12 во населбата Даме Груев.

            Во с.Волково изградени се ул.67“, „69“ и „95„ и асфалтиран е и тротоарот на дел од левата страна на улицата „ Волковска.

            Асфалтирани се и ул. „3“ и ул „3 а“ во село Ново село.

            Изградена е нова водоводна мрежa на ул. „Шарпланинска“ во должина од 940 метри.

            Изградени се канализациони и водоводни мрежи на ул.„Ибе Паликуќа“ во населба Хром со должина од 300 м.

            Изграден е нов паркинг простор  за 20-тина возила на ул.„Лука Геров “ бр.40 во населба „Даме Груев“ и нова автобуска постојка.

            Изграден е  кракот на улицата „Ѓорче Петров”, во близина на очната болница. Улицата е долга 130 метри а широка 3,5 метри.

            Завршено е поставувањето на нова водоводна инстлација за кружни текови на водоводната мрежа  како во руралниот така и во урбаниот дел со вкупна должина од 2500м.

            Реконструирани се водоводни цевки на повеќе улици кои гравитираат кон главната улица Ѓорче Петров.

            Извршена е санација на тротоарите на надвозникот кој води од центаралниот дел кон населбата „Даме Груев“. Исто така е санирана и бојадисана оградата.

            Завршена е изградбата на повеќенаменското игралиште кај надвозникот во населбата „Даме Груев“ во соработка со Агенција за млади и спорт.

            Интензивно се работи на улица во Стопански Двор до клучката на заобиколницата. Оваа современа улица ќе е долга 1240 м. Широка 7м., со тротоари и улично осветлување. Краен рок за изградба крајот на септември.

            Се работи и на споредни улици кои гравитираат кон новата улица во изградба.

            Градежни зафати се превземени и на улиците „83,„ 81“, „96“, „87“ и „102“ во Волково. Во Волково-Пржина изградени се  улиците „60“ и „76“.

            Изграден е нов (со тампон) пристапен пат во с.Кучково кој води до манастирот св.Илија  во должина од 500 м и широчина од 3,5 м. Во дворот на манастирот ќе биде поставено осветлување и урбана опрема.

            Проширен е и поставен нов тампон на пристапниот пат до Месноста Јазбине , кон крстот на с.Кучково

            Исчистени се депонии покрај реките Вардар и Лепенец, а се работи на чистење и на користото на река Лепенец.

            Со сопствени средства општината ја продолжува изградбата на канлизацијата во руралниот дел. Изградени се 75, а преостануваат уште 20 километри канализациона мрежа

            Во соработка со Владата ма Република Македонија започна адаптацијата и доградбата на ново училиште во населбата Хром.

            На 1 Мај се одржа манифестацијата „Ден на крстот “. Како домаќини дочекавме над 8 илјади гости. Во „Народните спортски игри “годинава, покрај домаќинот Ѓорче Петров, учество земаа и екипи од општините Кочани, Прилеп и Илинден.

             Потпишан е договор за ЈПП за изградба на нова општинска зграда која треба да биде готова за 36 месеци. Квадратурата која ќе припадне на општината изнесува 3.600 м2, а за инвеститорот „Трансмет“ од Скопје 11.600 м2. Истата ќе чини околу 12 милиони евра.

 

            Во соработка со ЕВН се поставува нова 10 кв трафостаница во Стопански двор.

            Започнато е санирање на училиштата со уредување на дворовите, поправки на санитарните јазли,менување на училишните клупи и столчиња.Се уредуваат дворните површини, оградите,се санираат и поправаат спортските реквизити, голови кошеви и слично и се бојадисуваат училници.

            На 28 јуни, делегација од општината беше на полагање на свежо цвеќе на спомен плочата и на вечното почивалиште на нашиот патрон Ѓорче Петров во Софија Р. Бугарија.

            Започна седмото издание на „Културно лето - Ѓорче Петров  2013“. Се одржаа 4, а се планираат уште 18 настани до крајот на септември.

            По четврти пат се одржа најоригиналниот детски фестивал „Соната “ на која слушнавме 12 нови композиции напишани од наши ученици.

            Во месец април и мај во Центарот за култура одржани се вкупно 4 претстави за возрасни и 5 детски претстави.

 

            За сите проекти средствата се обезбедени од Владата На Република Македонија, градот Скопје и Општината Ѓорче Петров.

Интегрален текст.

ФОТО: Денешен

најчитано сега