Сопругот на српската пејачка Гога Секулиќ и починал во раце

 

Сопругот на српската пејачка Гога Секулиќ, Игор Рамовиќ почина вчера по кратко боледување во рацете на својата сопруга, пренесе српскиот Курир.

Рамовиќ неодамна дознал дека боледува од кaрцином. Веднаш го започнал лекувањето, била побарана помош од најдобрите лекари, па и покрај терапиите во Германија, Рамовиќ за жал ја изгубил битката со карциномот.

Како што пренесува српскиот Курир, Гога не сакала да даде никаква изјава. - Ве молам јавете ми се малку подоцна. Предмалку почина маж ми. Ви благодарам на разбирањето, рекла Гога за српски Курир

Извор близок до двојката вели дека сопругот на српската пејачка починал кога таа му раскажувала како ќе одат на меден месец откако тој ќе оздрави, бидејќо постојано сакала да му даде надеж дека се ќе биде во ред.

По смртта на сопругот Гога морала да добие инекција за смирување и да биде под медициснки надзор.

најчитано сега