Повредени осум лица во Скопје

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца пешаци.

Во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Четиринаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 11 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 64 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 11 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ продолжува со мирниот протест пред Владата на Република Македонија. Вториот вонреден настан ќе се одржи пред зградата на Владата на бул. „Илинден“, а ќе започне во 11 часот и 45 минути на кој поранешните вработени на „Алумина“ ќе одржат мирен протест. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

 
 
15.01.2016 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега