ВИДЕО: Огромна паника во опозицијата - СОРОС го моли Хан да се одложат изборите
Десетици т.н. граѓански органзиации од кои најголем дел под капата на СОРОС денеска побараа од Хан да се одложат изборите.
„Потсетуваме дека целосното спроведување на Договорот од Пржино треба да означи крај на најдлабоката политичка криза во државата од 2001 година наваму и да резултира со одржување фер, слободни и демократски избори. Ние граѓанските организации бараме од ЕУ, САД и другите домашни и странски фактори вклучени во решавањето на кризата да ги уважат нашите аргументи и да ги одложат предвремените парламентарни избори се додека не бидат исполнети точките од договорот во Пржино и од итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите. Нашата единствена цел е овозможување фер и вистинска атмосфера во која што ќе веруваат граѓаните и ќе ја препознаат како можност за артикулација на својата волја за политички избор“, рече Фани Каранифлова- Пановска, извршна директорка на ФООМ
Најсмешно во оваа панична реакција на СОРОС, е што станува збор за т.н. невладини организации кои не учествуваат на избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа