Аврамоски ги потсети пратениците на СДСМ дека и по влегувањето во власта забораваат дека се дел од неа
Пратеникот Аврамоски ги потсети пратениците на СДСМ дека и по влегувањето во власта забораваат дека се дел од неа:
„Имаме техничка влада или немаме? Сте во владата или не сте? Во еден ден 50 директори сменивте во труд и социјала, зборувате дека сте опозиција, па каква опозиција, срамота е...“
Тој исто така ги праша колегите од СДСМ што е нормално:
„Ненормално е да изгубиш со 200.000 гласа, а да делиш власт. 1992-ра влеговте во власт со пораз, тоа ли е нормално? 1994-та зедовте власт на избори без ВМРО, тоа е нормално? 2001-ва влеговте во влада од опозиција, тоа е нормално? Во 2015-та, пак истото. Влеговте во влада од опозиција. И тоа е нормално, така?“, праша Аврамоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа