Милошоски го повика пратеникот Тунтев подобро да се информира дали анкетните комиси мора да ги формира опозицијата

 

Aнтонио Милошоски го повика пратеникот Тунтев од СДСМ подобро да се информира дали анкетните комиси морала да ги формира опозицијата, потсетувајќи го дека во Германија имаше скандал со прислушување при што 40.000 субјекти биле прислушувани од американските тајни агенции, како резултат на што се формираше анкетна комисија и таа го отсликуваше сразмерот во германскиот Бундестаг, и беше предводена од претседател од мнозинството.

Милошоски рече и дека целта на анкетната комисија е да утврди кој човек и за кои намени соработувал со вакви криминалци за да може да ги злоупотреби за профит, политички цели, малверзации со идентитетите на граѓаните.

„Можеби Спасовски бил пријател со Чауш па има политичка одговорност. Можеби Чаушот бил советник на Заев, можеби не бил. Треба да утврдиме“, рече Милошоски.

 
 
13.01.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега