Саздов: Анкетната за фабриката за афери на СДСМ да ја утврди одговорноста на политичарите
Пратеникот Павле Саздов повлече паралела - анкетната комисија за прислушувањето треба да ја утврди одговорноста на политичарите, истото треба да го стори и анкетната за фабриката за афери на СДСМ.
Тој ги обвини пратениците на опозицијата дека го попречуваат работењето на анкетната која тие сакаа да се формира, а го попречуваат формирањето на втората анкетна. Саздов заклучи дека СДСМ не сака вистината да се открие ни во првиот, ни во вториот случај.
13.01.2016 - 12:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа