Нов закон во Собранието - укинување на забраната за пушење во затворени простории
Пратеникот од Либералната партија, Ивон Величковски до Собранието достави предлог за измени на Законот за заштита од пушењето. Величковски предлага либерализација на постојниот закон, односно да се дозволи пушење и во затворени простории кои што располагаат со квалитетни системи за вентилација. Тој предлага да се пуши во речи си сите угостителски објекти, диско клубови, кафулиња, казина, хотели но и во психијатриските болници, како и во затворите. Величковски предлага да се пуши и во отворените и затворените трговски центри.
Неговиот предлог пред пратениците треба да се најде на седницата која е закажана за 22 јули. Доколку биде усвоен, тоа практично ќе значи укинување на забрната за пушење во затворени простории, а нема да смее да се пуши, само во спортски сали, болници, градинки и училишта.