ВМРО-ДПМНЕ: Кои инвестиции ги донесе СДСМ? - такви нема!

 

Во Република Македонија, СДСМ има најмал кредибилитет да зборува за странски директни инвестиции. Такви во нивно време скоро и да немаше.

          Во времето кога СДСМ беше на власт Република Макдонија беше на дното на полето на странски инвестиции со речиси ниту една поголема странска инвестиција. Кога СДСМ беше носител на власта, Македонија беше заобиколувана од странските инвеститори. Тогашните Влади не работеа ништо околу нивно привлекување во земјава. За каква корупција зборува Шилегов кога денес продажбата на земјиштето оди преку тендерска постапка, нешто што воопшто не постоеше додека СДСМ беше на власт.

          СДСМ треба да каже кои инвестиции тие ги донесоа. Нема такви. Наместо тоа, донесоа сиромаштија и ги затворија фабриките кои претходно работеа. Ниту еден инвеститор не посетија, а не пак да го убедат да инвестира. Петре Шилегов кој сега сака да се покаже како голем душегрижник во тоа време учествуваше и бранеше сомнителни купопродажби на земјишта како член на второстепена владина комисија.

          Владата на ВМРО-ДПМНЕ се бори за секоја инвестиција која ќе отвори нови работни места и ќе го подобри животот на граѓаните. Од 2007 до 2012 година Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ донесе странски инвестиции во износ од 1.550 милиони евра што е за 600 милиони евра повеќе од сите досегашни Влади предводени од СДСМ. Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија се отворија голем број фабрики како што се Џонсон Контрол, Џонсон Мети, Кромберт и Шуберт, Кемет Елетроникс, Ван Хол, Дрекслер Мајер, Техно Хозе, Агрокор и уште многу други помали фабрики со странски капитал. Мораме да потенцираме дека Владата на Република Македонија успеа да ги донесе овие гиганти во светска и економка криза за разлика од времето кога СДСМ владееше и не се соочуваше со овие глобални проблеми и пречки. Овој број на странски директни инвестиции придонесе за отворање на илјадници нови работни места за македонските граѓани како и за заживување на македонската економија, а според последните податоци и за зголемување на извозот во државата.

          Како што ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе поддржува странски директни инвестиции, така и прави, така ќе продолжи и во иднина да привлекува странски капитал и да ја јакне економијата во Република Македонија. Наша должност и обврска е да обезбедиме подобар живот на граѓаните и можности за вроботување. Зошто СДСМ толку панично реагира ако некој сам изјавува дека сака да инвестиа во државата? Наше е да се бориме за инвестиции, а  на крај одлуката е на инвеститорите.

 

          СДСМ со ваков однос само покажува дека продолжува со деструктивниот однос и празна критика кон било што.

Изнтегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега