Штетите од невремето во Штип проценети на над 2 милиони денари

 

 

Над 2 милиони денари изнесува штетата од невремето што го зафати во штипскиот регион пред 12 дена. Лазар Соколов претставник на Комисијата за проценки на штети при Општина Штип вели дека 34 земјоделци пријавиле штета на земјоделските производи.

- Најмногу пријавени штети од невремето проследено со град имаме во Лакавичкиот регион од 12-тиот километар до село Селце. По проценката на штетата, комисијата извештајот го достави до градоначалникот и Советот на Општина Штип, рече Соколов.

Тој вели дека извештајот за проценките на штетите од невремето треба да се усвои од страна на советниците, а по што ќе се достави и до Владата.

Пред две недели во штипскиот регион невремето проследено со град во форма на лешник направи штети на доматите, пипеките, тутунот и на овошните насади.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега