Влада: Обезбедени 116 милиони денари за 47 проекти за регионален развој
Обезбедени се нови 116 милиони денари за 47 проекти наменети за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони. Владата денеска донесе одлуки на предлог на Министерството за локална самоуправа со кои се доделуваат средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, проекти за развој на селата, проекти за развој на планските региони и проекти за развој на планските региони во 2025 година.
- Со реализирање на проектите се обезбедува политика на рамномерен регионален развој, намалување на диспаритетите во планските региони и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните, соопшти владината прес-служба.
Владата на денешната седница го донесе и Меморандумот за соработка со организацијата Македонија 2025.
Целта на Меморандумот е воспоставување на рамка за институционална соработка во областите од взаемен интерес: напредување на економскиот и општествениот просперитет на Северна Македонија, Зајакнување на врските со македонските иселеници, подобрување на услугите на државата за иселениците, и привлекување на иселениците за враќање, живот, работа и инвестирање во Северна Македонија. Поддршка на развојот на претпријатијата и подобрување на деловното окружување; Поттикнување на дигитална трансформација во јавниот и приватниот сектор, како и Поддршка на наука, иновации и технолошки развој, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа