ТЕЛЕГРАФ - Пораз во најава: Заев најави дека ќе ги изгубат изборите (ВИДЕО)

 

Колумнистот Ивор Мицковски чии ставови изразени во колумни се претежно блиски на опозицијата преку статус на неговиот профил на „Фејсбук“ го критикува денешниот конгрес на опозицијата за кој вели дека е „глумење лудило за промени“,пишува Телеграф.

Реторика која упатувана подготовка на гласачите кои треба да го прифатат се поизвесниот пораз на СДСМ, почна да применува лидерот на опозицијата, Зоран  Заев, како што одминува времето и се ближи денот кога воМакедонија треба да се одржат предвремените парламентарни избори.

Заев во изјава за телевизијата „ТВ21“ истакна дека веќе и не е битно кој ќе победи на изборите, што според познавачите на политичката реторика, укажува дека лидерот на опозицијата е свесен дека исходот нема да биде во корист на СДСМ.

„Второстепено значење е кој ќе биде победник на изборите, важно е дека тој ќе мора да има целосен легитимитет и затоа не може да има приближно фер избори туку тие мора да бидат кристално чисти“, рече Заев во изјава за „ТВ21“.

Воедно Заев во изјавата споменува и дека е можно и да не прифатат одржување на избори на 24 април, иако тоа беше договорено во Пржино летово.

„Како што знаете СДСМ ги предизвика изборите и СДСМ настојува да се одржат избори. Фер и регуларни и демократски избори. Избори заради избори не ни требаат“, истакна Заев.

Неговата изјава наиде на бројни критики и од постојаните поддржувачи на СДСМ. Така, новинарот Бранко Тричковски на неговиот профил на „Фејсбук“ напиша.

Заев, најважно е кој ќе победи, уште поважно е тие да загубат!

Од второстепено значење е кој ќе биде победник на изборите, важно е дека тој ќе мора да има целосен легитимитет и затоа не може да има приближно фер избори туку тие мора да бидат кристално чисти, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, пренесе ТВ21.
Не, не, драг мој господине, не ми се верува дека првиот опозиционер можел да смисли ваква работа, од првостепено значење е кој ќе победи на изборите, уште позначајно е тие да загубат, многу е значајно тој што ќе победи и тие што ќе загубат да го доживеат тоа во фер и демокрарска трка која во Македонија, просто, не е можна и, на крајот, екстремно е важно лидерот на опозицијата да не зборува вака, да не мисли вака, да не ги сече дрвата во кампусот на последната надеж на луѓето. На луѓето!

 

Со сличен став се огласи и колумнистот Ивор Мицковски, чии ставови изразени во колумни се претежно блиски на опозицијата. Тој преку статус на неговиот профил на Фејсбук го критикуваше денешниот конгрес на опозицијата за кој вели дека е глумење лудилло за промени.

Дечки заебете вие програми од пет столбови и декларации. Немоќта и очајот што се чувствуваат после последната сеча, на сета загаденост, на кич узурпацијата која се заканува дека по стоти пат следува, на уморот на поделените и незастапени граѓани, на реалноста која не гази и заборава како патетични противници на злосторство кое повторно ќе победи, последно нешто што ни треба е вашето глумење лудило за промени, вашите институционални формализми и реторичко-популистички успеси за граѓанството. Сакавте да се акомодирате со власта, да станете дел од нивната власт, ајде, направете нешто институционално што ќе ги смени работите...

 

 

 

 

 
 
13.12.2015 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега