Уапсени двајца Грци под сомнение за учество во терористичка организација

 

 

Грчката полиција уапси во Солун двајца 30-годишни мажи под сомнение за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.

Уапсените ќе бидат сослушани за последните бомбашки напади, за кои оваа организација ја презеде одговорноста. 

Станува збор за двете експлозии на автомобили, едниот на директорката на атинскиот затвор Коридалос, а другиот на затворски службеник во јуни оваа година, а исто и за пакетот бомби, пронајден во филијала на поштата, а адресиран до поранешниот началник на службата за борба против тероризмот. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега