Скопје ќе блесне во новогодишни бои
Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните Новогодишни и Божиќни празници ќе го украси и декорира централното градско подрачје.
Од Градот за КУРИР информираат само дека централната новогодишна елка, ќе биде поставена на истата локација како лани, односно на просторот помеѓу споменикот „Воинот на коњ“ и Порта Македонија.
Ќе бидат украсени плоштадите и повеќе улици во централното градско јадро.
Подетални информации околу новогодишното украсување на Скопје, најавија за утрешниот ден.
Декорирањето и украсувањето на Градот кое веќе е започнато пред два дена, би требало да заврши најдоцна до 15 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа