Поплавените жители од Ѓорче Петров и викендов ќе можат да ја пријават штетата

 
Од општината Ѓорче Петров информираат дека граѓаните кои имаа штети од невремето кое ја зафати општината ќе можат да поднесуваат пријави и за време на викендот и тоа од 08 до 20 часот во просториите на општината во главната зграда. 
 
-Од страна на надлежните подготвени се формулати односно изјави и истите можат да се добијат и пополнат на лице место, информираат од Општината.
 
За време на викендот ќе работат и трите комисии, формирани за утврдување на штетите направени од невремето кое го зафати општина на 9 јули. Комисиите за утврдување на штети ќе излегуваат на терен согласно поднесените пријави
од граѓаните. 

најчитано сега