Привремен сообраќаен режим на дел од „Трета македонска бригада“

 

На дел од улицата „Трета македонска бригада“ утре од 8 до 17 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, привремениот сообраќен режим се воведува поради прекопи за поставување подземни инсталации кои ќе се изведуваат на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“. На коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

 
 
28.11.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега