Папандреу: Караманлис е виновен за кризата во Грција!

 

Поранешниот грчки премиер социјалистот Јоргос Папандреу го обвини својот претходник, конзервативецот Костас Караманлис, за економската криза, објави грчкиот сајт „Капитал“.

Папандреу, меѓу другото, ја обвинува владејачката партија до 2009 година и дел од медиумите дека ширеле гласини дека неговата Влада фабрикувала статистички податоци за буџетскиот дефицит и дека целта на овие забелешки било да се дискредитира управувањето на социјалистите.

Поранешниот премиер смета дека партнерите на Грција првично покажале смиреност, потоа страв и неодлучност и на крајот се држеле рамнодушно во однос на нападите на пазарите против Грција, додека во исто време аналитичарите целата вина ја префрлиле само врз него. 

ФОТО: А1.он

најчитано сега