„Лудило" од ниски цени и изненадувања: Денеска сите во „Сити Мол"
Black Friday e најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во историјата на нашата планета. Единственото значење на последниот петок во ноември, 27-ми, е шопинг манијата се големите попусти и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.
Налик на светските метрополи и Скопје веќе традиционално го зафаќа Black Friday, кога на 27ми ноември Skopje City Mall се вклучува во шопинг манијата препознатлива низ светот, која всушност е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.
Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот па до полноќ во петок, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Skopje City Mallкоипокрај актуелните попусти кои ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти кои ќе се движат од 10 до 70 отсто.
Минатата година најпопуларниот ден за шопинг на светот во нашиот најголем мол помина со преполни продавници и ходници, како и задоволи посетители и купувачи. Од Скопје Сити Мол велат дека и оваа година се е подготвено во петок на 27ми потрошувачите да уживаат во шопинг по светски стандарди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа