Осумнаесет години од геноцидот во Сребреница

 

Денеска се навршуваат 18 години од геноцидот во Сребреница во кој армијата на босанските Срби под команда на Ратко Младиќ влезе во муслиманската енклава во Источна Босна убивајќи околу 8.000 муслимански мажи и момчиња.

Нападот врз Сребреница почна на 6 јули 1995 година и заврши пет дена подоцна со влегувањето на војниците на генерал Младиќ во градот. За време на нападот во градот беше сместен холандски контингент од силите на ОН, кој не успеа да го заштити населението.

Најстарата жртва била родена 1919 година, а најмладата штотуку родено бебе.

Меѓународниот суд во Хаг за геноцидот во Сребреница досега осуди осум лица.

Во меморијалниот центар „Поточари“ во близина на Сребреница денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 409 жртви во масакрот. Во меморијалниот центар досега се погребани 5.657 лица.

најчитано сега