300 тазе полицајци деновиве ќе ги регулираат скопските крстосници

 

Денеска МВР ќе продолжи со практична обука на кандидатите за полицајци кои минатото лето ги исполнија условите на конкурсот за прием на нови 300 полициски службеници.

Од Министерството информираат дека обуката ќе трае три работни дена, а ќе се однесува на практична примена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Предвидено е кандидатите во присуство на поискусни ментори да учествуваат во регулирањето на сообраќајот на неколку крстосници во Скопје.

Според планот, сообраќајот ќе го регулираат на крстосниците кај Скопски саем, Рампа кај Кисела вода, Црвен крст и Народна банка. Согласно агендата, кандидатите ќе го регулираат сообраќајот денеска во период од 13 до 15:30 часот, утре од 9 до 15 часот и в понеделник од 9 до 15 часот. 

ФОТО: mvr.gov.mk

најчитано сега