За утре најавено исклучување на струја во повеќе скопски општини
Жителите од скопското село Бразда утре од 9:30 до 15 часот ќе бидат без струја. Во периодот од 8.30 до 9.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса“ 4 (по ново ул. „1515“) и од улицата „Саса“ број 2 во општина Кисела Вода.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од железничка станица Ѓорче Петров, дел од селото Бардовци, улиците со броевите 10, 12 и 18 во општина Ѓорче Петров.
Без снабдување со електрична енергија утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од селото Љубош, а од 9.30 до 12 часот дел од корисниците од село Визбегово, дел од улицата број 3.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од Дуќанџик и дел од Старата скопска чаршија, а од 9.30 до 15 часот корисниците од улиците „Метохиска“, „Индира Ганди“ и корисниците од улицата „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Славеј Планина“, „Максут Садик“, „Топаана“, улиците „336“, „356“ и „358“ во општина Чаир.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, граѓаните ќе останат без електрична енергија заради технички зафати во електросистемот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа