АДЕМИ ВО ШОК: УЕФА со драконска казна за македонскиот репрезентативец!!!
Дисциплинската комисија при УЕФА ја донесе нарадикалната одлука со која репрезентативецот на Македонија и капитен на Динамо (З), Аријан Адеми, нема право на настап во следните четири години.
Не можам ни да опишам како се чуствувам. Не сум крив, знам дека не сум направил ништо погрешно, а добив ваква драконска казна. Лошо се чуствувам. Сакам да им се заблагодарам на сите тие кои постојано ми даваат подршка, но сега ми е тешко, не можам да зборам и ве молам да имате разбирање, изјави Адеми.
Примерокот кој беше земен од македонскиот интернационалец по натпреварот против Арсенал во Лигата на шампиони се покажа како позитивен, а истото се случи и со вториот примерок кој беше земен од допинг контролата на УЕФА.
Веднаш подршка на Адеми му дадоа и раководните лица на Динамо (З).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа