Јувентус со сериозни проблеми пред дербито со Милан
Јувентус се соочува со сериозно проблеми во пресрет на дербито со Милан. Медиумите од Италија пренесуваат дека тимот од Торино веројатно ќе без Буфон, Лихтштајнер, Касерес и Манџукиќ, кои се жалат на повреди.
Дури 15 фудбалери беа отсутни од Јуветус изминативе десетина дена, поради обврски со репрезентациите. Лекарскиот тим тврди дека мали се шансите Буфон и Лихтштајнер да заиграат на дербито, бидејќи заработиле повреди на препоните.
Марио Манџукиќ го повредил скочниот зглоб, и ќе треба да се прават дополнителни анализи дали ќе може да биде подготвен за дуелот. Мартин Касерес го повреди мускулот играјќи за Уругвај.
Тренерот Масимилијано Алегри ќе биде на големи маки да го состави тимот за големот италијанско дерби кое се игра во сабота 21 ноември од 20:45 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа